23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома ќе потпише договор за соработка со Етихад

Рома ќе потпише договор за соработка со Етихад

roma etihad

Италијанскиот калчолигаш Рома е пред потпишување на гигантски спонзорски договор со „Етихад Ервејс“, авиокомпанијата од Обединетите Арапски Емирати, вреден 28 милиони евра годишно, во кој треба да влезат и пари за права врз новиот стадион на „волчицата“.

Според најавите, 14 милиони евра ќе бидат спонзорски договор со тимот, а останатите 14 милиони годишно за правата врз „Стадио дела Рома“, кој многу брзо може да биде брендиран во „Стадио Емирати дела Рома“.

„Етихад“ во август 2014-та година купи 49 отсто од италијанскиот национален авиопревозник „Ал Италија“, а фактот дека новиот стадион кој римскиот клуб треба да го заврши во 2017-та година е на поранешниот хиподром, на половина пат од аеродромот „Фјумичино“, брендирањето на стадионот од страна на „Етихад“ е маркетинг потег за дополнително ширење со свои операции на Медитеранот.

Капацитетот на новиот стадион е 52 илјади гледачи, но ќе може да се прошири до 60 илјади за големи мечеви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП