19 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗТојота и Нисан повлекуваат 6,56 милиони возила заради неисправни воздушни перничиња

Тојота и Нисан повлекуваат 6,56 милиони возила заради неисправни воздушни перничиња

nissan-toyota(R)

Јапонските автомобилски компании Тојота и Нисан соопштија дека повлекуваат 6,56 милиони возила во светот заради неисправни воздушни перничиња на компанијата „Таката“.

Тојота повлекува околу пет милиони возила произведени меѓу март 2003-та и ноември 2007-ма година, додека Нисан ќе повлече 1,56 милиони возила произведени меѓу 2004-та и 2008-ма година.

„Повлекувањето на возилата ќе погоди многу наши пазари, вклучувајќи ги и Јапонија, Европа и Северна Америка“, рече портпаролот на компанијата Нисан.

Обете компании соопштија дека моделите на овие возила што ќе бидат повлечени до сега не предизвикале ниту една несреќа.

Компанијата Тојота прецизираше дека има намера да ги замени воздушните перничиња со моделите што ги произведува јапонската компанија „Даичел“.

Соопштението на јапонските автомобилски компании доаѓа откако 20 милиони автомобили од редица производители, вклучувајќи ги и Џенерал Моторс и Хонда, веќе се повлечени заради ризик воздушните перничиња произведени од „Таката“ без потреба да се активираат и експлодираат, со потенцијално фатални последици по патниците во возилото.

Јапонската компанија „Таката“, која работи во 20 земји, е еден од најголемите производители на воздушни перничиња во светот и е клучен доставувач на перничиња за големите автомобилски компании.

Оваа компанија е критикувана дека доцна реагирала на овој проблем и го игнорирала со години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП