15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПродолжува невидливото спонзорство на Ферари од страна на Филип Морис

Продолжува невидливото спонзорство на Ферари од страна на Филип Морис

Ferrari-Formula-1-marlboro (1)

„Филип Морис“ го продолжи едно од најтивките спонзорства во спортот. Најголемата јавна компанија во производството на тутунски производи го обнови договорот со тимот од Формула 1 – „Ферари“.

Иако поради ограничувањата за рекламирање на цигари, марката „Marlboro“ не се прикажува од 2007-ма година, компанијата ќе и помага на „Скудеријата“ уште три години, соопшти шефот на тимот Маурицио Аривабене.

Финансиските детали од договорот не се споменуваат, но според списанието „Спортс про“ досега американската компанија плаќала околу 160 милиони долари годишно. Како дел од партнерството, бизнис партнерите и клиентите на „Филип Морис“ можат да ја посетуваат фабриката на тимот и трки.

Пред години тутунските производители беа најголемите спонзори во моторните спортови, а првите три потрошија повеќе од 750 милиони долари во Формула 1 во 2001-ва година. Потоа нивното присуство се намали поради раширената забрана за рекламирање. „Филип Морис“ остана единствениот производител на цигари, кој продолжува да учествува во најголемиот автомобилски шампионат.

Последните појавувања на логото на „Marlboro“ на болидите беа главно за натпреварите надвор од Европа

Долги години „Marlboro“ стоеше на задното крило на болидите на „Ферари“, а по забраната таму се ставаа црвено-бели линии, слични визуелно на натписот на цигарите. Сега на крилото стои логото на банката „Santander“.

„За синергија не се зборува и не се промовира, но таа постои“, изјави за „Блумберг“ Марк Џенкинс, професор по бизнис стратегии во универзитетот „Кранфилд“, кој во 2010-та година напишал анализа за тимот.

Блумберг“, сепак гледа и друга врска меѓу двете страни. Извршниот директор на „Фиат Крајслер“ Серџо Маркионе добива 320 илјади долари годишно од „Филип Морис“ како сопственик на 5.2 милиони акции во тутунскиот производител. Тој пуши „Muratti“ – друга марка цигари на компанијата.

Во септември седницата на одборот на „Филип Морис“ беше во седиштето на „Ферари“ во Маранело според весникот „Република“. Самиот Аривабене бил меѓу раководителите на маркетинг на „Филип Морис“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП