23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти: Не знам дали ќе останам во Реал

Анчелоти: Не знам дали ќе останам во Реал

carlo-ancelotti-real-madrid-valencia-liga-bbva-05092015_1smwusbvm2o1l1dg7tse2h8ups

Реал Мадрид е елиминиран од Лигата на шампионите. Тимот на Карло Анчелоти го загуби полуфиналниот двомеч со Јувентус, тимот за кого италијанскиот стратег изјави дека никогаш не го сакал иако две сезони седеше на неговата клупа.

Елиминацијата од Лигата на шампионите значи дека Реал сезоната ќе ја заврши без трофеј иако во шпанското првенство има да се одиграат уште две кола, во кои Барселона влегува со пет бодови повеќе од ‘кралскиот клуб’ и само чудо моќе да му ја донесе титулата.

„Сезоната трае уште 15 дена и треба да одиграме две средби. Потоа ќе седнам и ќе разговарам со челниците на клубот. Не знам дали и наредната сезона ќе го предводам Реал“, рекол Анчелоти за кого англиските медиуми пиуваат дека ќе се врати на Островото, во Манчестер Сити или во Ливерпул.

Италијанскиот тренер го прокоментирал и полуфиналниот реванш во кој Реал и Јувентус одиграа 1:1.

„Имавме многу шанси, но не бевме прецизни. Горд сум на своите фудбалери. Покажавме карактер, ништо не мошам да им забележам“.

Инаку Анчелот смета дека во финалето Барселона е фаворит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП