9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСуарез и Кјелини еден против друг во финалето во Берлин

Суарез и Кјелини еден против друг во финалето во Берлин

suarez-kas

Фудбалерите на Барселона и Јувентус на 6.јуни во Берлин ќе се сретнат во финалето на Лигатана шампионите. Покрај борбата за трофејот фудбалскиот свет со нетрпение ја очекува средбата на Луис Суарез и Џорџо Кјелини.

Имено, на минатогодишниот Мундијал, на натпреварот помеѓу Уругвај и Италија, Суарез го гризна Кјелини за рамото, а главниот судија тоа не го забележа.

Уругваецот подоцна доби четиримесечна суспензија, а во меѓувреме тој од Ливерпул се пресели во Барселона и е еден од најзаслужните за пласманот на Каталонците во финалето.

Откако по суспензијата Суарез се врати на терените не направи никаков инцидент, а фудбалскиот свет очекува дека така ќе биде и на 6.јуни, но секако дека со интерес се очекува како ќе мине неговата средба со Кјелини.

Исто така, Суарез повторно ќе се сретне со Патрис Евра, кого го навредуваше поради бојата на кожата на еден меч помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Овие двајца од тој инцидент имаа можност да играат меѓу себе, но тогаш Евра одби да се ракува со Суарез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП