12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРамос: Емотивно паднавме по примениот гол

Рамос: Емотивно паднавме по примениот гол

1381032_heroa

Дефанзивецот на Реал, Серхио Рамос, изјавил падот на концентрацијата продонесол за израмнувачкиот гол на Јувентус и дека противникот заслужено се пласирал во финалето во Лигата на шампионите.

„Тешко е да се опоравиш кога си елиминиран од ЛШ, ние сме тим кој се бори за трофеи и бевме фаворити да ја одбраниме титулата. Јувентус го заслужи пласман во финалето. Откако го постигнавме голот мислевме дека натпреварот е завршен, но сега мораме да му честитаме на Јувентус бидејќи беа подобри во двете средби. Не успеавме да постигнеме повеќе голови на домашен терен, едноставно не бевме доволно добри во завршницата“, рекол Рамос.

По поразот во Торино од 2:1, во Мадрид немаше победник (1:1), Реал имаше предност, но голот на Мората значеше елиминација за ‘кралскиот клуб’.

„По нивниот гол емотивно паднавме бидејќи до тој момент игравме добро, но не ги користевме шансите. Не е лесно да се вратите откако ќе го загубите првиот меч, ова треба да ни биде добра лекција, доколку правиш грешки во ЛШ тогаш испаѓаш“, заклучил Рамос.

Реал го продолжи проклетството на европскиот првак – ниту еден тим не ја одбранил титулата откако е воведен новиот формат во ЛШ, односно од сезоната 1992/1993.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП