6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБуфон: Судбината не однесе во Берлин

Буфон: Судбината не однесе во Берлин

bufin-juventus

Капитенот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, рекол дека судбински е тоа што „старата дама“ стигнала до финалето во Лигата на шампионите, кое ќе се одигра во Берлин.

Јувентус, во средата, со вкупен резултат 3:2 во полуфиналето го елиминираше европскиот првак Реал. Првиот меч во Торино заврши со победа на Јувентус од 2:1, а во реваншот во Мадрид немаше победник (1:1).

Борбата за титулата во Берлин ќе биде на 6.јуни, а противник на Јувентус ќе му биде Барселона. Берлин е таличен за Буфон и Пирло, на Олимпискиот стадион тие двајца со репрезентацијата на Италија ја освоија светската титула во 2006 година.

„Ова ми изгледа како судбина, навистина на крајот излезе онака како што се надевавме и планиравме. Но ние не смееме да одиме во Берлин како туристи. Ќе одиме да одиграме натпревар кој на сите многу ќе ни значи. Многу сум горд на своите соиграчи и на трудот кој го вложивме во ова наше патување“, рекол Буфон.

Прославениот голман по завршувањето на мечот не ги криеше емоциите, дури и заплака од среќа.

„Не добивате шанса често да играте финале во Лигата на шампионите, поради тоа финалето не смееме да го одработиме половично. Мораме да дадеме се од себе“, дополнил Буфон.

Инаку Јувентус по 12 години повторно ќе игра финале во ЛШ, низ историјата овој клуб одиграл седум финалиња и освоил два титули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП