22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалските гиганти се „тепаат“ за Де Бруин

Фудбалските гиганти се „тепаат“ за Де Бруин

Kevin De Bruyne

Три од водечките европски екипи – Баерн Минхен, Манчестер Сити и ПСЖ пројавуваат сериозен интерес кон белгискиот репрезентативец Кевин Де Бруин, соопшти агентот на фудбалерот Патрик Де Костер.

„Баерн Минхен, Манчестер Сити и ПСЖ ме побараа за неформални разговори. Во оваа фаза нема конкретна понуда за Кевин“, рече Де Костер.

23-годишниот Де Бруин има договор со Волфсбург до летото 2019-та година.

„Сакаме да дознаеме каква намера има да преземе Волфсбург. Сакам да знам дали тие се подготвени да му понудат нов договор со подобрени финансиски услови, или ќе му дозволат да замине при соодветна понуда“, рече Де Костер.

Агентот ќе се сретне следната недела со главниот менаџер на клубот Клаус Алофс, за да разговараат за ова прашање.

Во оваа сезона Де Бруин е неприкосновено „№1“ во Бундеслигата по системот „голови + асистенции“. Тој има неверојатни 19 асистенции и 10 погодоци.

Репрезентативецот на Белгија пристигна во Волфсбург од редовите на Челзи за сума од 18 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП