19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлупскиот ракомет напредува на ЕХФ листата

Клупскиот ракомет напредува на ЕХФ листата

vardar vesprem

Македонскиот клупски ракомет го бележи најдобриот пласман на листата на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во својата историја. Машките клубови се наоѓаат на осмото место, а женските на 14-то место.

Благодарение на успешните настапи на Вардар и Металург во изминатите три сезони, не сметајќи ја тековната, машките клубови се на високата осма позиција во Европа, што е од особена важност за распределбата на местата во европските купови во наредната сезона.

Според најавите Македонија во Лигата на шампионите, во машка конкуренција, ќе има два претставника.

Во женска конкуренција, минатогодишниот пласман на ЖРК Вардар на завршниот турнир и освоеното трето место, придонесе за скок од две места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП