20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРекордни цени за последниот натпревар на Џерард на „Енфилд“

Рекордни цени за последниот натпревар на Џерард на „Енфилд“

stiven33

Билетите на црно за последниот домашен натпревар во сезонава на Ливерпул против Кристал Палас достигнаа рекордни цени за таква средба. Како што веќе е познато, капитенот на црвените Стивен Џерард ќе го напушти својот омилен клуб на крајот на сезоната и ќе се пресели во американската „Мејџор Сокер Лига“.

Испраќањето на поранешниот англиски репрезентативец е настан што навивачите на „црвените“ не сакаат да го пропуштат. Билетите за дуелот со Крисал Палас се продадени пред неколку недели, но на црниот пазар цените достигнуваат зачудувачки големини. Билет за средбата помеѓу двата тима (чини 68 евра) е продаден во понеделникот за преголема сума од 2800 евра.

Од Ливерпул подготват незаборавно испраќање за долгогодишен капитен. Легенди на клубот ќе направат шпалир во чест на „Стиви Џи“, а во исто време трибина „Коп“ ќе изврши посебна кореографија. Исто така, трите деца на Џерард ќе бидат маскоти на тимот за средбата со лондончани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП