6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Мечот на столетието“ сруши два рекорда

„Мечот на столетието“ сруши два рекорда

mec 2

Боксерскиот „меч на столетието“, борбата помеѓу Флојд Мејведер и Мани Пакјао ги разочара фановите, но успеа да собори неколку рекорди кои тешко ќе бидат надминати.

Имено мечот е продаден во 4,4 милиони домови во САД што е апсолутен рекорд, претходниот рекорд го „држеше“ мечот помеѓу Мејведер и Оскар Де Ла Хоја од 2007-ма година кој бил продаден во два милиони домови.

Организаторите од продадените билети инкасирале 72 милиони долари што е три пати повеќе од досегашниот рекорд.

Од продадените телевизиски права организаторот заработил 400 милиони долари, што е за 100 милиони долари повеќе од сумата која ја добија боксерите (Мејведер 180 милиони долари, Пакјао 120 милиони долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП