Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Жарко Ристовски, го објави списокот на играчи на кои ќе смета за натпреварите во Европската лига.
Првиот собир на репрезентативците е закажан за 1-ви јуни, а подготвките ќе бидат реализирани во три фази.
Македонија во Европската лига ќе се натпреварува во А групата против Полска, Израел, Естонија, Австрија и Данска. Првиот меч Македонија ќе го одигра во Естонија на 10-ти јули.
Комплетниот список на селекторот Жарко Ристовски од 16 одбојкари е следниот:
Техничари: Филип Деспотовски – Тјумен (Русија), Ѓорѓи Ѓорѓиев – Марек унион (Бугарија)
Коректори: Никола Ѓорѓиев – Париз (Франција), Јовица Симовски – Ајачио (Франција)
Универзалци: Владо Милев – Крајова (Романија), Вук Карановиќ – Кобург (Германија), Александар Љафтов – Стеауа (Романија), Марјан Урдов – Струмица, Перо Стојчев – Сушево
Средни блокери: Ѓоко Јосифов – Стеауа (Романија), Ристо Николов – Стеауа (Романија), Ристо Клопчевски – Лирија, Филип Маџунков – Струмица, Зоран Ѓорѓевски – Лирија
Либера: Васе Михаилов – Струмица, Дарко Ангеловски – Лирија.