22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИ новинарите го избраа Азар за најдобар фудбалер

И новинарите го избраа Азар за најдобар фудбалер

azarce

Фудбалерот на Челзи Еден Азар е прогласен за најдобар фудбалер на сезоната во Англија од страна на Здружението на фудбалските новинари, објави официјалната страница на организацијата. Во анкетата учествуваа повеќе од 300 новинари.

За Азар гласаа 53% од вклучените. На второ место се најде напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн, а трет е капитенот на Челзи, Џон Тери.

Азар постигна 19 гола во сите натпреварувања за Челзи во оваа сезона.

Белгиецот ќе ја добие наградата на церемонија која е закажана за 21-ви мај.

Во топ 10 имаше место за уште тројца соиграчи на Азар, Франсеск Фабрегас, Бранислав Ивановиќ и Тибо Куртуа.

Исто така гласови добиле и Алексис Санчез, Давид де Геа, Серхио Агуеро и Естебан Камбиасо.

Пред неколку дена Еден Азар ја доби наградата за најдобар играч според Професионалната фудбалска асоцијација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП