19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејтан прво засилување за Челзи

Нејтан прво засилување за Челзи

nejtan

Нејтан Алан де Соуза или едноставно – Нејтан од наредната сезона ќе го носи дресот на англискиот шампион Челзи.

Членот на бразилската репрезентација до 20 години, кој на 14 натпревари има постигнато три гола, по вокација е офанзивен играч од редот за врска, но може да игра и како лево крило и како повлечен напаѓач.

Деветнаесет годишниот фудбалер трансферот во Челзи го потврди на својот профил на Инстаграм.

Нејтан е дете на Атлетико Паранаенесе, а неговиот трансфер изнесува седум милиони евра.

По официјализирањето на трансферот започнаа шпекулациите дека Оскар ќе замине од Челзи, а најголем интерес за него покажува Јувентус.

nejtan11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП