15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлонсо: Предалеку сме од конкуренцијата

Алонсо: Предалеку сме од конкуренцијата

alonso f

Тимот на Мекларен Хонда по пет трки во првенството на Формула 1 нема освоено ниту еден бод, а според она што му се случува на тимот многу веројатно е дека ова ќе биде најлошата сезона во историјата.

На трката за Големата награда на Шпанија, Фернадо Алонсо не ја заврши трката, додека Џенсон Батон беше 16-ти, а по трката изјави дека никогаш полошо не се чувствувал на една трка во својата кариера.

Најавите беа дека од Каталуња, Мекларен ќе го покаже вистинското лице, но очигледно тимот има преголеми проблеми.

„Приморани сме сите проблеми да ги решаваме во од. Веднаш можам да ви го идентификувам проблемот. Сопирачките не се усогласени со моторот. Како да не се направени за ист болид. Доколку тоа успееме да го решиме, тогаш можеме да се надеваме на подобри резултати. Како што изјавив неколкупати, знаев дека ова ќе биде предизвик кога доаѓаав во тимот и никој не очекуваше дека веднаш ќе започнеме да победуваме“, вели двократниот светски првак, Фернандо Алонсо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП