21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБрејк на Атланта во Вашингтон

Брејк на Атланта во Вашингтон

0119d363e22005543e8c1750f45a35fe_crop_north

Атланта и Голден Стејт израмнија на 2-2 во конференциските полуфинални серии во НБА лигата, откако во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот славеа во Вашингтон односно Мемфис.

Атланта во престолнината на САД славеше над Визардс со 106:101, во натпревар во кој Перо Антиќ за 15-тина минути на теренот имаше учинок од седум поени, (2/2 за два, 1/2 за три), два скока и една асистенција.

Атланта до победата и израмнување на резултатот во серијата ја предводеше триото Тиг-Милсап-Хорфорд. Тиг имаше учинок од 26 поени и 8 асистенции, Милсап постигна 19 поени на кои придодаде 6 скока и 5 асистенции, а Хорфорд забележа ’дабл дабл’ од 18 поени и 10 скокови.

Бредли Бил со личен рекорд во плејофот од 33 поени беше најефикасниот играч на Вашингтон, додека ветеранот Пол Пирс постигна 22 поени.

Најдобриот од регуларниот дел на сезоната Голден Стејт убедливо славеше во Мемфис со 101:84. Тимот од Оукленд го предводеше Стеф Кари со 33 поени, 8 скока и 5 асистенции. Најкорисниот играч во лигата имаше процент на реализација од 50 отсто (11/22), тој погоди четири од деветте обиди за три поени.

Покрај Кари кај Голден Стејт се истакнаа уште и Дрејмонд Грин со 16 поени и 10 скокови, односно Клеј Томпсон со 15 поени.

Марк Гасол со 19 поени и 10 скокови беше најдобриот играч на Мемфис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП