22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаварците веруваат во чудо

Баварците веруваат во чудо

20150511194442_304569

Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола, верува дека неговите фудбалери имаат квалитет да ја надополнат предноста на Барселона од 3:0, во реванш натпреварот од полуфиналниот меч во Лигата на шампионите.

Ниту еден тим во историјата на европските натпреварувања не успеал во полуфиналниот реванш да надомести негатива од три гола.

„Да тргнеме сите во напад? Не! Ќе мора добро да се браниме и да го контролираме натпреварот. Овој тим нема проблем со менталитетот. Во тимот имам шест-седум играчи кои го освоија светското првенство, така што тие добро знаат што треба да направат“, рекол Гвардиола.

Сепак Шпанецот е свесен дека неговиот тим втора година по ред се соочува со елиминација од Лигата на шампионите во полуфиналето. Лани Баерн испадна од Реал, а оваа година се чини дека непремостлива пречка ќе биде поранешниот клуб на Гвардиола.

„Против Барселона не е доволно да се има поголем посед на топка и да се игра добро во одбраната, туку мора да се создаваат шанси. Нема да биде лесно, но имаме квалитет, така што ќе видиме што ќе се случи“, дополнил тренерот на Баерн.

Полуфиналниот меч во Лигата на шампионите помеѓу Баерн и Барселона ќе се одигра денес со почеток во 20:45 во Минхен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП