Бундеслигашот Шалке, денеска ги раскинал договорите со Кевин Принс Боатенг и Сидни Сем.
Клубот на интернет страницата објави и дека го суспендирал Марко Хогер, кој на тренинзите ќе се врати на 16-ти мај.
Инаку од Шалке не прецизираат дали раскинувањето на договорите со Боатенг и Сем имаат врска со поразот од Келн (2-0), кој беше трет последователен за овој тим.
Шалке до неодамна се наоѓаше на позицијата која води во Лигата на шампионите, но со серијата порази во последните две кола ќе мора да се бори и за пласман во Лига Европа.
Боатенг во Шалке дојде од Милан, додека Сем како големо засилување стигна на почетокот од сезоната од тимот на Баер Леверкузен.