Италијанскиот гигант Милан е блиску до привлекување на напаѓачот Чиро Имобиле.
Според германски „Билд“, клубот на Силвио Берлускони постигнал договор со играчот на Борусија (Дортмунд), кој има фрустрирачка сезона на „Сигнал Идуна Парк“.
Се чека „црно-жолтите“ да дадат зелено светло за трансферот, а се верува дека тие ќе го пуштат голгетерот за сума од 15 милиони евра. Имобиле има договор со Борусија до 2019-та година.
Потсетуваме дека пред некој ден Берлускони најави дека може да се изгради „италијански“ Милан, базиран главно на италијански фудбалери. Во моментов „росонерите“ имаат четворица локални во напаѓачи во своите редови – Џампаоло Пацини, Матија Дестро, Алесио Черчи и Стефан Ел Шарави.