14 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити подготви фантастична понуда за Французинот

Сити подготви фантастична понуда за Французинот

pogi

Манчестер Сити се подготвени да направат супер-понуда на Јувентус за привлекување на полудефанзивецот Пол Погба. Информацијата е на англиското издание „Дејли Меил“.

Според него, „граѓаните“ ќе дадат 70 милиони фунти за Французинот.

Англискиот клуб го искушува и играчот со плата од 220.000 фунти неделно. Ако Сити успее да го оствари овој трансфер, Погба ќе стане најскапото засилување во историјата на клубот.

Овие денови стана јасно дека Јувентус ја отфрлил понуда на Барса од 80 милиони евра за Погба.

Се очекува во наддавањето за талентираниот Французин во текот на летото да се вклучат уште фудбалски гиганти од Европа – Челзи, Реал Мадрид, ПСЖ и други.

Во саботата полудефанзивецот се врати меѓу стартерите на Јуве по повеќе од два месеци отсуство поради повреда на бутот. Францускиот репрезентативец во 45-тата минута постигна гол за 1:0 на дуелот со Каљари, кој на крајот стигна до реми 1:1 во овој натпревар. Голот беше осми и рекорден за него во една сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП