19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеброн го замолкна Чикаго, Клиперси на чекор до конференциското финале

Леброн го замолкна Чикаго, Клиперси на чекор до конференциското финале

lebi

Кливленд израмни во серијата против Чикаго на 2-2, добивајќи го четвртиот меч во драматична завршница со поените на Леброн Џејмс во последната секунда. На Западот ЛА Клиперс е на чекор до пласман во конференциското финале, откако во четвртиот меч го декласира Хјустон со 128:95.

Мечот во Чикаго беше израмнет од почетокот до крајот, ниту еден тим немаше предност поголема од 11 поени. Чикаго во последната четвртина влезе со предност од седум поени која Кливленд ја анулира со одличата игра во одбраната и трите тројки кои го постигна Џеј Ар Смит.

Во драмтичната завршница најпрвин Дерик Роуз погоди за израмнување, а потоа на Џејмс не му беше суден фаул во напад топката остана во посед на гостите, а на Џејмс му беше доволна една секунда да погоди тежок шут од корнер.

Џејмс мечот го заврши со 25 поени (10-30 шут од поле), 15 скокови и 8 асистенции, 15 постигна Тимофеј Мозгов, а 13 уфрли Џеј Ар Смит. Чикаго го предводеше Дерик Роуз со 31 поен.

На Западот, Клиперси ги дели една победа од историски успех и пласман во првото конференциско финале во клупската историја. Клиперси за предност од 3-1 во серијата со Хјустон, го декласираа противникот во четвртиот меч со 128:95.

Деандре Џордан со 26 поени и 17 скокови, однсоно Блејк Грифин со 21 поен беа најефикасни кај Клиперси.

Тактиката на Хјустон беше што повеќе да се фаулира Деандре Џордан кој е познат како лош изведувач на слободните фрлања, но таа тактика не им донесе резултат. Центарот на Клиперси погоди 14 од 34-те слободни фрлања, тој само во првиот дел 28 пати застана на пенал линијата со што го собори рекордот на Шекил О’Нил.

Во тимот на Хјустон најпрецизен беше Џејмс Харден со 21 поен, но тој не го заврши мечот бидејќи поради втората техничка грешка беше исклучен на почетокот од последната четвртина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП