5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеми на Челзи и Ливерпул

Реми на Челзи и Ливерпул

Chelsea v Liverpool - Premier League

Челзи и Ливерпул одиграа 1:1 во претпоследниот натпревар од 36.коло во англиската Премиерлига. Дуелот на „Стенфорд Бриџ“ го одбележаа ветераните Џон Тери и Стивен Џерард кои беа стрелци на головите, но и дебито на 19-годишниот Лофтус-Чик во стартната постава на Челзи.

Натпреварот немаше никаква резултатска важност за Челзи чии фудбалери во минатото коло ја обезбедија шампионската титула, додека Ливерпул практично се прости од шансите да игра во Лигата на шампионите, бидејќи има шест бодови помалку од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед.

Џон Тери во раната фаза го отвори резултатот, во петтата минута тој беше највисок пред голот на Ливерпул и со глава го совлада Мињоле. Во второто полувреме Ливерпул беше подобар противник но без конкретна шанса за гол. Конечниот резултат го постави Џерард кој исто така по корнер ја сочека топката на втората статива и го матираше Курота.

Инаку големата надеж на Челзи, 19-годишниот Лофтус-Чик одигра еден час во стартниот состав и беше единствениот фудбалер кој не погреши во додавањето (27-27).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП