18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБудуќност ја освои европската титула

Будуќност ја освои европската титула

201512020105002-12

Ракометарките на Будуќност се новите европски шампионки, тие на Ф4 турнирот во Будимпешта во финалниот меч славеа над Ларвик со 26:22 (14:8).

Будуќност во претходните две години два пати губеше во завршниот меч и против норвешкиот тим ја освои втората европска круна во клупската историја, претходно Црногорките беа најдобри во 2012 година.

Финалниот натпревар донесе целосна доминација на Будуќност чии ракометарки во воведните пет минути стекнаа предност од 4:0. Во останатиот дел од финалниот меч Ларвик тешко наоѓаше решенија за одбраната која ја одиграа Црногорките и во ниту еден момент не успеа да ја спушти негативата под три гола.

Катарина Булатовиќ со седум и Мајда Мехмедовиќ со шест гола беа најефикасните во триумфот на Будуќност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП