17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРозберг победи во Шпанија

Розберг победи во Шпанија

nico-rozberg

Нико Розберг победи на трката за Големата наградата на Шпанија, која во неделата се возеше на патеката Каталуња. Германецот до деветтата победа во кариерата, прва во сезоната стигна со време од 1:41:12.555 часа.

Розберг, кој трката ја започна од пол позицијата, со сигурно возење стигна до победата, додека борбата се водеше за второто место меѓу Хамилтон и Фетел. Британецот на стартот ја загуби позицијата од Фетел, во текот на трката двапати неговите механичари лошо реагираа, но на крајот поради подобрата тактика го освои второто место.

Покрај Розберг, Хамилтон и Фетел, бодови во Шпанија освоија уште Валтери Ботас (Вилијамс), Кими Раиконен (Ферари), Фелипе Маса (Вилијамс), Даниле Рокардо (Ред Бул), Роман Грожан (Лотус), Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) и Данил Квјат (Ред Бул).

Хамилтон е лидер во генералниот пласман со 111 бодови, втор е Розберг со 90, трет Фетел со 80, а Раиконен е на четвртата позиција со 52. Кај конструкторите води Мерцедес со 202 бодови, 70 повеќе од Ферари.

Шестата трка во првенството на Формула 1 ќе се вози на 24-ти мај во Монте Карло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП