6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо за настраданите во Непал донирал седум милиони евра

Роналдо за настраданите во Непал донирал седум милиони евра

roni

Најдобриот фудбалер во светот, Кристијано Роналдо, уште еднаш на дело ја покажа својата хуманост, тој како што пренесува францускиот магазин „So Foot“, донирал седум милиони евра како помош за настраданите во разорниот земјотрес кој го погоди Непал.

Португалецот парите и ги донирал на организацијата „Save the children“, која им помага на настраданите во оваа земја. Во земјотресот во Непал загинаа околу 7.000 луѓе, а 10.000 останаа без своите домови.

Исто така Роналдо ги повикал своите следбеници на социјалните мрежи, кои ги има околу 100 милиони, да се вклучат во акцијата за помош на настраданите во Непал.

Донацијата на Роналдо е на ниво на некои богати европски држави, на пример цела Холандија собра околу 13,5 милиони евра.

Роналдо е докажан филантроп, во 2004 година им помогна на жртвите од разорното цунами што ја погоди Индонезија, откако на телевизија видел момче како бега од водата облечено во негов дрес, а во 2011 година ја продаде својата „Златна копачка“ за помош на децата во Газа.

Минатата година Португалецот издовил 60.000 евра за на едно бебе да му овозможи операција на мозокот, а тој исто така е редовен крводарител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП