24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоуз го реши Кливленд, Клиперси го декласираа Хјустон

Роуз го реши Кливленд, Клиперси го декласираа Хјустон

rous trojka

Тројката која Дерик Роуз ја постигна со звукот на сирената го реши победникот во третиот меч од полуфиналето во Источната конференција помеѓу Чикаго и Кливленд. Чикаго победи со 99:96 и поведе во серијата со 2-1. На Западот Клиперси го декласираа Хјустон со 124:99 за предност од 2-1.

Роуз, на три секунди до крајот, прими топка од аут и преку центарот на Кливленд Тристан Томпсон погогоди од табла за голема радост во Јунајтед центарот во Чикаго.

Роуз, кој беше клучниот играч за победата на првиот меч во Кливленд, во третиот натпревар го заврши со 30 поени и по седум скокови и асистенции. Двоцифрен број на поени кај Булси постигнаа уште Џими Батлер (20), Мајк Данливи (16) и Никола Миротиќ (12).

Кливленд го предводеше Леброн Џејмс со 27 поени, 14 асистенции и 7 скокови, но еден од најдобрите играчи на денешницата немаше поддршка од останатите колеги. Целосно потфрли Кајри Ирвинг кој постигна само осум поени, тој погоди само три од 13-те удари од поле.

На Западот Клиперси во првата четвртина создадоа предност од девет поени (33:24), а во третата го прегазија противникот (35:19) кога и го решија победникот.

Во триумфот на Клиперси, во чии редови се врати Крис Пол, блескаше Џеј Џеј Редик со 31 поен. Поддршка тој доби од Остин Риверс (25 поени) и Блејк Грифин (22 поени, 14 скокови).

Џејмс Харден со 25 поени и 11 асистенции го предводеше Хјустон, каде уште петмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП