19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEricsson го тужи Apple во Германија, Британија и Холандија

Ericsson го тужи Apple во Германија, Британија и Холандија

ericcsona apple

Шведскиот производите на опрема за мобилни мрежи „Ericsson“ објави денеска дека поднесол тужби против американскиот технолошки гигант „Apple“ во Германија, Велика Британија и во Холандија.

Од „Ericsson“ му понудиле на „Apple“ арбитража преку којашто на глобално ниво и во полза на двете компании би се постигнал договор за лиценцирање на патенти. Рокот за прифаќањето на оваа понуда сега истекол, пренесува „Reuters“.

Постапките во Германија, Велика Британија и во Холандија се покренати од неодамна, а се однесуваат на 2G и на 4G/LTE стандардите, како и на други технологии кои не се стандардизирани, но се поврзани, на пример, со дизајнот на полупроводните компоненти и вмрежувањето на системот.

Во „Ericsson“ истакнуваат дека повеќе од две години се обидувале да постигнат договор со „Apple“ за глобалната лиценца за своите патенти врз основа на условите коишто се чесни, разумни и недискриминирачки, но тоа не им пошло одрака. Тужбите на шведската компанија во Европа се алтернативно решение со кои таа сака да се заштити и да ги поткрепи своите вложувања во истражувањето и развојот.

„Apple и натаму профитира од технологијата „Ericsson“, без валидна лиценца. Нашата технологија се користи во многу елементи и функции на денешните комуникациски уреди. Уверени сме дека нам судовите во Германија, Велика Британија и Холандија ќе ни помогнат да го решиме ова прашање на фер начин“, изјави Касим Алфахали, директор за интелектуална сопственост во „Ericsson“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП