
Чешката тенисерка Петра Квитова ѝ го нанесе првиот пораз во сезоната на Серена Вилијамс, откако во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид победи со 6:2, 6:3. Во финалето Квитова ќе игра против Светлана Кузњецова која со 6:2, 6:4 славеше над сонародничката Марија Шарапова.

