4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ подготвија 200 милиони фунти за нови засилувања

„Ѓаволите“ подготвија 200 милиони фунти за нови засилувања

gundo-575661

Манчестер Јунајтед е подготвен да потроши уште 200 милиони фунти за летна селекција, откако вчера екипата го формализира привлекувањето на холандското крило од редовите на ПСВ Мемфис Депај, тврди „Експрес“.

„Црвените ѓаволи“ демонстрираа дека ќе бидат многу силен играч на трансфер пазарот, откако се изборија за потписот на талентираното крило со тимовите на Ливерпул, ПСЖ и Тотенхем.

Сепак, ова е само почеток на летното засилување, а плановите на Луис ван Гал се дефинитивно големи.

Петте ѕвезди кои Јунајтед ги следи се дуото од Борусија Дортмунд Илкај Гундоган и Матс Хумелс, Натениел Клајн од Саутемптон кој игра како десен бек, Герет Бејл од Реал Мадрид и Единсон Кавани од ПСЖ.

Тимот може да троши големи суми за трансфери благодарение на својот нов спонзорски договор со германскиот гигант „Адидас“, кој ќе му носи на тимот десетици милиони годишно.

Допрва треба да се види дали Јунајтед ќе успее да ги привлече големите трансфер цели, но едно е сигурно – тимот нема да штеди пари, бидејќи најголемата цел за наредната сезона е токму титулата во Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП