8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул без Стариџ во наредните пет месеци

Ливерпул без Стариџ во наредните пет месеци

Daniel-Sturridge-51

Напаѓачот на Ливерпул Даниел Стариџ ќе биде надвор од фудбалските терени уште пет месеци со цел целосно да се рехабилитира по операцијата на колокот која му била извршена во вторникот.

Стариџ оваа сезона имаше многу проблеми со повредите, а последен пат во составот на Ливерпул беше на 8-ми април. Тој сезонава одигра само 17 натпревар, за разлика од минатата кога доминираше со 24 голови на 33 одиграни натпревари.

Наредната сезона во Премиер лигата ќе започне на 8-ми август, а лекарите од Њујорк на клубот му соопштиле дека Стариџ во тренажниот процес ќе може да се вклучи за четири месеци.

Хирургот кој ја извршил операцијата рекол дека повредата на колкот најверојатно е предизвикана од бројните повреди на мускулот со кои во кариерата се соочувал англискиот репрезентативец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП