Плејмејкерот на Вашингтон Џон Вол најверојатно ќе ја пропушти полуфиналната плејоф серија против Атланта поради повреда. Вол, на првиот меч, се здобил со пет скршеници на дланката и зглобот на левата рака.

Вашингтон соопшти дека плејмејкеров во моментов работи со тим на лекари и физиотарапевти во обид да се санира повредата, но се напоменува дека неговото отсуство ќе биде голем удар за тимот.
Во полуфиналната серија на Истокот резултатот помеѓу Атланта и Вашингтон е 1-1, а наредниот меч ќе се одигра в сабота.