20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСевилја пред ново финале

Севилја пред ново финале

sevilja

Екипата на Севилја се наоѓа на чекор до пласман во ново финале во Лига Европа, додека фаворизираниот Наполи не успеа да оставри предност пред реваншот во Украина.

Севилја во првиот полуфинален меч стекна предност од 3:0 пред реваншот во Фиренца, додека Наполи и Дњипро одиграа 1:1.

Бранителот на трофејот Севилја до победата стигна со головите на Алекс Видал во 17. и 52.минута, а третиот гол го постигна Гамеиро во 74.минута. Фиорентина испушти можност да оствари поволен резултат бидејќи при водството на противникот од 1:0, најпрвин Фернадез промаши од чиста шанса, а потоа голманот Рико го одбрани ударот на Салах од непосредна близина.

Наполи против Дњипро не успеа да ја материјализира доминацијата во поголемиот дел од натпреварот. Украинскиот бедем го проби Лопез на стартот од второто полувреме, потоа се редеа шансите на Каљехон, Хамшик и Игуаин но резултатот остана непроменет.

Промашувањата на Наполи ги казни Селезњов од сомнителна позиција во 81.минута.

Реванш натпреварите ќе се одиграат на 14.мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП