ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Џими Батлер ‘најмногу напредувал’

НБА: Џими Батлер ‘најмногу напредувал’

butler_improved_1200

Крилниот кошаркар на Чикаго Булс, Џими Батлер, е прогласен за играч кој најмногу напредувал во тековната НБА сезона.

Батлер оваа сезона го зголеми својот просек на постигнати поени од 13,1 на 20 по натпревар, а на коишто во просек придодавал по 5,8 скокови и 3,3 асистенции.

Во изборот на новинарите од САД и Канада, Батлер доби најмногу гласови, дури 335 повеќе од Дрејмонд Грин, кошаркарот на Голден Стејт.

Батлер во 2011 година е избран како 30-ти пик на драфтот, тој по потекло е од Хјустон. Во моментов Батлер со Чикаго се бори за пласман во финалето во Источната конференција.

По две средби, резултатот во серијата меѓу Чикаго и Кливленд е 1-1, а третиот меч ќе се одигра в петок во Чикаго.

Претходно за најдобри поединци оваа сезона беа прогласени Стефон Кари (МВП на сезоната), Ендрју Вигинс (руки), Кавај Ленард (шести играч), Луис Вилијамс (дефанзивец), Мајк Буденхолзер (тренер).