26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПогба го одбил ПСЖ

Погба го одбил ПСЖ

pogi

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба, ја одбил понудата на ПСЖ од 15 милиони евра по сезона, бидејќи сакал трансфер во голем европски клуб, Реал или Барселона.

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Калифи се сретнал со Погба и му ветил дека доколку ја прифати понудата дека ќе има поголема плата дури и од Златан Ибрахимовиќ (14,7 милиони евра), но францускиот репрезентативец ја одбил понудата.

Неколку медиуми во Италија кои се добро упатен во фудбалските трансфери тврдат дека Погба ја одбил понудата, бидејќи за него се заинтересирани Реал, Барселона и Челзи.

Се шпекулира дека Погба ќе го напушти Јувентус во летниот преоден рок за сума од 70 милиони фунти.

Пол Погба оваа сезона за Јувентус одиграл 34 натпревари во сите конкуренции и постигнал девет гола, тој во Торино е од 2012-ра година, а претходно играше во Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП