9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКастратовиќ: Внимателно против Будуќност, нијанси ќе го решаваат победникот

Кастратовиќ: Внимателно против Будуќност, нијанси ќе го решаваат победникот

indi 22

Ракометарките на ЖРК Вардар викендов во Будимпешта, ќе учествуваат на завршниот турнир во Лигата на шампионките. Покраj „црвено-црните“, на завршниот турнир ќе учествуваат и тимовите на Будуќност, Ларвик и Динамо Синара.

Македонските шампионки, втора година по ред, се дел од најдобриот европски квартет, лани стигнаа до третото место.

„Имаме големо искуство од минатата година, сега сме многу поподготвени на сѐ што нѐ очекува. Девојките работеа напорно, сработија сѐ што се бараше од нив, имавме и екипа од Франција на гости која многу добро ни дојде, така што сега веќе имаме една позитивна тензија сите едвај чекаме да почне Ф4“, изјави за клупската интернат страница Индира Кастратовиќ.

Вардарки кон унгарската престолнина отпатуваа денеска, а веќе во 19 часот ќе го одржат првиот тренинг. Вториот тренинг, воедно и последен пред саботното полуфинале со Будуќност, ракометарките на Вардар ќе го одржат в петок.

„Будуќност е една екипа која има големо искуство и квалитет, но мислам дека ние сме подобри од минатата година. Тогаш беше, можеби, сѐ некако бргу. Дојдовме до Ф4, малку беше сѐ еуфорично, но мислам дека сега сме многу поподготвени. Ја знаеме играта на Будуќност, последниов месец се подготвуваме специјално за нивната игра, нивната поцврста одбрана. Јас секогаш велам дека одбраната го добива натпреварот, а мислам дека моите девојки сега се многу подобри во тој дел. Знаеме како беше лани со Будуќност, и продолженијата и целата драма, и затоа сега влегуваме повнимателно. Мислам дека девојките се мотивирани и се подготвени за еден пекол во Будимпешта, за еден добар меч. Знам дека и овојпат нијанси ќе пресудат, но се надевам дека ќе биде во наша корист“, дополнува Кастратовиќ.

Полуфиналниот натпревар меѓу ЖРК Вардар и Будуќност в сабота ќе започне во 16:45 часот, претходно завршниот турнир ќе биде отворен со првиот полуфинален натпревар во кој ќе играат Динамо Синара и Ларвик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП