20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОAS: Реал ќе го враќа Мората

AS: Реал ќе го враќа Мората

morata 00

Шпанскиот весник „AS“ тврди дека Алваро Мората ова лето ќе се врати во својот матичен клуб Реал Мадрид.

„Кралскиот клуб“ кога минатото лето му го продаде Мората на Јувентус за сума од 22 милиони евра, во неговиот договор вметна клаузула според која тој за осум милиони поголема сума веќе по една година може да се врати во Мадрид. Според клаузулата, доколку Реал сака да го купи Мората наредното лето, тогаш ќе мора да плати 30 милиони евра.

Реал на Мората му понудил петгодишен договор со годишна плата од 2,2 милиони евра.

Алваро Мората за Реал во периодот од 2010-та до 2014-та година има одиграно 52 натпревари и постигнато 11 голови, тој беше стрелец за Јувентус во првиот полуфинален меч со Реал (2:1), реваншот ќе се одигра на 13-ти мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП