3 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСкариоло повторно ќе ја предводи Шпанија

Скариоло повторно ќе ја предводи Шпанија

4746691w-640x640x80

Италијанскиот тренер Серџио Скариоло се врати на кормилото на кошаркарската репрезентација на Шпанија. Скариоло со ‘Црвената фурија’ има освоено две европски титули (2009, 2011) и сребро на Олимписките игри во 2012 година.

Единствениот неуспех италијанскиот стратег со Шпанија го доживеа на Светското првенство во 2010 година кога беше елиминиран од Србија во четвртфиналето.

Скариоло на селекторската функција ќе го замени Хуан Антонио Оренга кој поднесе оставка по дебаклот на последниот Мундијал, на кој Шпанија како домаќин загуби во четвртфиналето од Франција.

Во текот на кариерата 54-годишниот Скариоло меѓудругите ги тренирал Таукерамика, Фортитудо, Реал Мадрид, Малага, Химки…

Шпанија на претстојното Европско првенство, во септември, ќе игра во Б групата каде уште се и националните тимови на Србија, Турција, Германија, Италија и Исланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП