5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМазе ќе паузира една година

Мазе ќе паузира една година

Sweden Alpine Skiing World Cup

Двократната олимписка шампионка во скијање, Тина Мазе, одлучи да паузира една година, а потоа ќе реши дали ќе ја продолжи или ќе стави крај на својата кариера.

„Почувствував дека на моето тело и на мојот ум им е потребен подолг одмор. Си дозволив да земам едногодишна пауза, а потоа ќе ја донесам одлуката за мојата понатамошна кариера“, изјавила за својата интернет страница 32-годишната Мазе.

Тина Мазе на Зимските олимписки игри во Сочи освои златни медали во велеслалом и во спуст, а во 2013 година го освои Светскиот куп.

Минатата сезона таа ја заврши на второто место во вкупниот поредок, зад Австријката Ана Фенингер.

Мазе е една од шестте скијачки во историјата која во Светскиот куп има победи во сите пет дисциплини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП