
Европскиот клупски шампион Реал Мадрид останува најскапиот фудбалски клуб во светот. „Кралевите“ ја предводат листата на „Форбс“ трета година по ред.


Европскиот клупски шампион Реал Мадрид останува најскапиот фудбалски клуб во светот. „Кралевите“ ја предводат листата на „Форбс“ трета година по ред.
Шпанскиот клуб е проценет на 3.26 милијарди долари, што е за 5% помалку од минатата година. Реал има највисоки приходи меѓу спортските клубови во светот – 746 милиони долари.
Рангирањето се прави врз основа на анализа на неколку компоненти, меѓу кои се вредноста на одделните играчи во тимот, инфраструктурата на клубот и друго.
Лидерот во Примера дивизион, Барселона го зазема второто место со 3,16 милијарди долари. И покрај недостатокот на добри резултати во последните две сезони Манчестер јунајтед е трет со 3,10 милијарди долари, што е за 10% повеќе во однос на минатата година. Клубот од „Олд Трафорд“ е на второ место по приходи со 703 милиони долари.
Баерн е поставен на четвртото место, а гигантот од Германија е оценет на 2.35 милијарди долари.
Силно присуство на англиските клубови во рангирање, а во првите десет од нив има пет, а во топ 20 се вкупно осум. Од една страна, тоа се должи на поскапувањето на фунтата во однос на еврото и доларот, а од друга на рекордниот договор за телевизиските права во Премиер лигата, кој стапува во сила од сезоната 2016-17-та, објаснува „Форбс“.
Зголемените приходи од телевизиските права и од спонзорските договори прават така што просечната цена на клубовите во првите 20 достигна 1.16 милијарди долари, што е за 84% повеќе отколку пред пет години.
Топ 10 во рангирањето на „Форбс“:
1. Реал Мадрид – 3.26 милијарди долари
2. Барселона – 3.16 милијарди долари
3. Манчестер Јунајтед – 3.10 милијарди долари
4. Баерн Минхен – 2.35 милијарди долари
5. Манчестер Сити – 1.38 милијарди долари
6. Челзи – 1.37 милијарди долари
7. Арсенал – 1.31 милијарди долари
8. Ливерпул – 982 милиони долари
9. Јувентус – 837 милиони долари
10. Милан – 775 милиони долари