3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПакјао успешно опериран

Пакјао успешно опериран

p opp

Филипинскиот боксер Мани Пакјао успешно го оперирал десното рамо, само неколку дена по поразот од Флојд Мејведер, пренесува агенцијата Reuters.

Хирургот Нил Елатраш изјавил дека атроскопијата минала во најдобар ред и дека очекува 38-годишниот боксер целосно да се рехабилитира.

Пакјао минатиот викенд во Лас Вегас го загуби мечот за титулите во верзиите на WBO, WBA и WBC од Мејведер со едногласна одлука на судиите.

Спортската комисија на сојузната држава Невада би можела да го суспендира, бидејќи навремено не ја пријавил повредата, додека боксерските фанови најавија дека ќе поднесат тужба бидејќи ги прелажал сите кои купиле билети за да ја гледаат ‘борбата на векот’.

Не е познато колку ќе отсуствува Пакјао, иако кај ваквите повреди докторите предвидуваат пауза од 9 до 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП