27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристијано Роналдо останува прв според приходите меѓу фудбалерите

Кристијано Роналдо останува прв според приходите меѓу фудбалерите

roni

Голгетерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е фудбалерот со највисоки приходи во светот. Португалецот ја предводи листата на „Форбс“ веќе втора година.

Во 2014-та година тој е заработи 79 милиони долари од плати, бонуси и спонзорски договори. Тоа го прави и најдоброплатен спортист во тимските спортови во светот, забележува списанието.

Од спонзорски договори Роналдо си обезбедил 27 милиони долари. Тој е лице на „Најк“, како и на својата линија за долна облека, облека и обувки „CR7“. Интересот за него е оправдан бидејќи, покрај големите успеси на теренот и освојувањето на „Златната топка“ за последните две години, Португалецот е и најпопуларен спортист на социјалните мрежи. Тој има 102 милиони обожаватели на „Facebook“ и над 35 милиони на „Twitter“.

Лионел Меси останува втор во рангирањето со 70.5 милиони долари во приходи. Минатиот мај Аргентинецот го потпиша деветтиот договор со Барселона по 2005-та година. Годишната плата му беше зголемена за 9 милиони долари или до 22.71 милиони долари (20 милиони евра). Во последниот договор се евидентирани и повисоки бонуси при постигнување на одредени цели.

Во тројката влегува друг напаѓач – Златан Ибрахимовиќ, кој сепак е далеку назад со 41.8 милиони долари.

Вкупно шестмина јужноамериканци се најдоа меѓу првите десет на листата, а меѓу нив се двајцата Колумбијци – Радамел Фалкао и Хамес Родригез.

Топ 10 на фудбалерите со најголеми приходи за 2014-та година:

1. Кристијано Роналдо (Португалија, Реал) – 79 милиони долари

2. Лионел Меси (Аргентина, Барселона) – 70.5 милиони долари

3. Златан Ибрахимовиќ (Шведска, ПСЖ) – 41.8 милиони долари

4. Герет Бејл (Велс, Реал) – 34.9 милиони долари

5. Нејмар (Бразил, Барселона) – 31.7 милиони долари

6. Радамел Фалкао (Колумбија, Манчестер Јунајтед) – 31 милиони долари

7. Вејн Руни (Англија, Манчестер Јунајтед) – 25.8 милиони долари

8. Хамес Родригез (Колумбија, Реал) – 25.4 милиони долари

9. Серхио Агуеро (Аргентина, Манчестер Сити) – 25.3 милиони долари

10. Луис Суарез (Уругвај, Барселона) – 19,9 милиони долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП