21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Кливленд и Хјустон израмнија на 1-1

НБА: Кливленд и Хјустон израмнија на 1-1

le james

Кливленд и Хјустон го израмнија на 1-1 против Чикаго, односно ЛА Клиперс во полуфиналните плејоф серии во НБА лигата. Кливленд славеше на Чикаго со 106:91, додека Хјустон ги порази Клиперси со 115:109.

Кливленд против Чикаго не дозволи уште еден пораз на домашен терен и со фуриозна игра во првата четвртина го реши победникот. Во првите 12 минути Кливелнд создаде предност од 38:18, разликата ја создаде Имам Шамперт кој во три напади постигна три тројки.

Кливленд до победата го предводеше Леброн Џејмс со 33 поени, 8 скока и 5 асистенции. Покрај Џејмс двоцифрен еефект имаа уште Кајри Ирвинг (21 поени), Џејмс Џонс (17 поени) и Имам Шамперт (15 поени, 7 скока).

Дерик Роуз беше најдобриот играч на Чикаго со 14 поени, 7 скока и 10 асистенции, додека најефикасен беше Џими Батлер кој постигна 18 поени.

Хјустон против Клиперси славеше со 115:109 иако речиси цела трета четвртина играше без Џејмс Харден кој во тој период ја направи четвртата лична грешка. Сепак во последната четвртина Харден постигна 16 од своите 32 поени и му помогна на тимот да го израмни резултатот во серијата на 1-1. Покрај Хауард добар меч одиграа Двајт Хауард (24 поени, 16 скокови), односно Тревор Ариза (15 поени, 13 скокови).

Клиперси и на овој натпревар беа без повредениот Крис Пол, најдобар играч во тимот беше Блејк Грифин (34 поени, 15 скокови, 4 блокади).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП