21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi избра име за најмалиот кросовер

Audi избра име за најмалиот кросовер

mal audi2

Германскиот производител на автомобили „Audi“ избра име за идниот компактен кросовер, објави „Car“.

Специјално за моделот ќе биде обновен називот „Junior“ кој последен пат се користеше во 60-тите години на минатиот век.

Па така „Audi“ ќе се откаже од традиционалниот алфанумерички индекс употребен кај моделите на марката. Првично компанијата планираше да го крсти моделот „Q2“, но тоа име припаѓа на „Alfa Romeo“ и концернот „Fiat-Chrysler“. Германците сакаа да ги купат правата за името, но беа одбиени.

На крајот производителот од Инголштат се осврна на името „Q Junior“. Под називот „Junior“ во 1963-та година се продаваше седан произведен од компанијата „DKW“. Во тоа време таа е дел од концернот „Auto Union“, во кој влегува и „Audi“.

„Не располагаме со многу време за да се избере име на моделот и затоа треба да се дејствува брзо. На крајот сепак не е важно како ќе се вика возилото, туку што ќе нуди“, коментира претставник на „Audi“.

Новиот теренец ќе се појави следната година, а ќе биде изграден на модернизираната платформа на „Audi Q3“ и „VW Tiguan“. По него компанијата ќе го објави и кросовер базиран на моделот „ТТ“. Првично се сметаше дека тој ќе се нарекува „Q4“, но и оваа кратенка е сопственост на „Fiat“ и во „Audi“ немаат како да ја искористат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП