11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШпанците најавија дека на 16.мај ќе го суспендираат фудбалот

Шпанците најавија дека на 16.мај ќе го суспендираат фудбалот

rfef

Шпанската фудбалска федерација (RFEF) најави дека поради недоразбирањата со владата на оваа држава од 16 мај ќе ги запре фудбалските натпревари. RFEF, најави дека ќе ги суспендира натпреварите во Примера, во пониските првенства и финалето на Купот, бидејќи не може да постигне договор со владата по неколку клучни точки, вклучувајќи ја и распределбата на приходите.

RFEF соопшти дека недоразбирањата траат веќе три месеци, но дека решение сеуште нема. Шпанската фудбалска федерација се жали дека во нејзината работа се мешаат Министерството за спорт, националните спортски сојузи. Инаку тие покрај договор за распределбата на приходите бараат и смена на секретарот за спорт.

Исто така се наведуваат и проблемите со Хациенда, односно шпанската Управа за јавни приходи, во врска со аматерските клубови, одредените правила кои клубовите мора да ги почитуваат, односно со неодамнешните ТВ права кои се пропишани со законот.

Инаку RFEF владее незадоволство бидејќи од тие ТВ права добива само 4,55 отсто, односно според тврдењата никогаш не добил можност да помогне во договорот за телевизиските права која шпанскиот фудбал би го доближиле до колективниот договор.

Фудбалските стручњаци сметаат дека најавата дека ќе бидат суспендирани натпреварите во Шпанија од RFEF само сакаат да го спречат планираниот штрајк на фудбалерите, кои исто така се незадоволни од условите од договорите за ТВ права.

Проблемот со ТВ права во Шпанија настана со договорот според кој Реал и Барселона добиваат многу повеќе пари од останатите тимови, за разлика од Премиер лигата каде што овие пари се делат врз основ на гледаноста и успехот на клубовите во сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП