24 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМастерс Мадрид: Кирјос го елиминираше Федерер

Мастерс Мадрид: Кирјос го елиминираше Федерер

6450810-3x2-700x467

Австралискиот тинејџер Ник Кирјос приреди сензација на Мастерсот во Мадрид откако во второто коло го елиминираше првиот носител Роџер Федерер со 6:7, 7:6, 7:6.

Во исклучително драматичен меч Кирјос спаси две меч топки, додека вториoт светски рекет спаси пет меч топки пред да се прости од турнирот.

Двајцата тенисери одлично сервираа Австралиецот имаше 22, а Швајцарецот 17 ас сервиси.

Кирјос направи брејк на самиот старт и успеа да го сочува се до резултатот 5:4. Во вториот сет улогите беа сменети, Федерер прв направи брејк, а потоа врати Кирјос кој тај брејкот го доби со 7:5.

Во решавачкиот сет немаше ниту еден брејк, но тај брејкот на теренот се случуваше вистинска драма, Федерер имаше две меч топки, а пет пати успеа да остане во мечот пред Кирјос да го зададе завршниот удар.

Ник Кирјос во третото коло ќе игра против Американецот Џон Изнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар