3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси го нокаутираше Баерн

Меси го нокаутираше Баерн

download (4)

Барселона направи голем чекор кон пласман во финалето во Лигата на шампионите, откако во првиот полуфинален меч славеше над Баерн со 3:0 (0:0).

Победата на Барса и ја обезбеди Меси кој постигна два гола и беше асистент за третиот гол кој го постигна Нејмар. Со овие три гола триото на Барселона Меси-Нејмар-Суарез стигна до бројката од 111 голови во сезоната.

Барселона и Баерн одиграа динамичен меч со многу темпо и со вистинска ‘рововска борба’ во текот на сите 90 минути. Конечниот резултат најдобро ја отсликува победата на Барселона која во целост успеа да ги валоризира минутите на својата доминација над Баварците.

Две чисти шанси не реализираше Барса во првите 15 минути од натпреварот, најпрвин Нојер го надмудри Суарез во дуел ‘еден на еден’, а потоа Нејмар не успеа да погоди од изгледан ситуација. Баерн одговори во 18-та минута кога по нафрлувањето на Милер, Левандовски не успеа да ја спроведе топката во голот на Тер Штеген.

По половина час игра Суарез по корнерот на Ракитиќ од изгледна позција само го префрли голот на Нојер, а во финишот на полувремето брилијантниот Нојер го одбрани ударот на Дани Алвеш.

Вториот дел започна со доминација на Баерн, чии фудбалери го напаѓаа противникот длабоко на неговата половина, но повторно прва се закани Барса и тоа преку Меси, но неговиот удар лесно го скроти Нојер.

Баерн првиот директен удар кон голот на Тер Штеген го упати во 71-та минута кога ударот на Алкантара од телото на Иниеста се одби кон голот на Тер Штеген но германскиот голман успеа да одбрани.

Барса победникот и веројатно патникот во финалето го реши во последните 13 минути, Меси во 77-та минута доби топка од Алвеш и од 18 метри неодбранливо биеше во поблискиот агол на Нојер.

Три минути подоцна Аргентинецот со магичен дриблинг се ослободи од Боатенг и го префрли Нојер за 2:0. Меси на овј меч стигна до 77 голови во Лигата на шампионите, еден повеќе од Роналдо.

Конечниот резултат го постави Нејмар во 94-та минута, на асистенција на Меси Бразилецот излезе сам пред Нојер и без проблеми постигна гол.

Реванш натпреварот во Минхен ќе се одигра на 12.мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП