7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ: Работнички ја одложи шампионската промоција на Вардар

ПМФЛ: Работнички ја одложи шампионската промоција на Вардар

prva-mak-liga

Вардар и Работнички освоија по еден бод откако во дерби мечот од 29. коло во Првата македонска фудбалска лига одиграа 2:2 (0:1). Со нерешениот резултат Работнички ја одложи промоцијата на Вардар во нов шампион на Македонија. ‘Црвено црните’ титулата ќе треба да ја обезбедат во последните три кола.

На „Филип Втори“ актуелниот првак Работнички прв го отвори резултатот преку Петровиќ, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел младиот напаѓач на Вардар Асани со головите во 55-та и 75-та минута направи целосен пресврт, а конечниот резултат го постави Алтипармаковски на осум минути до крајот на мечот.

Резултати:

Шкендија-Силекс 0:2

Вардар-Работнички

Металург-Ренова (четврток 07.мај)

Плеј оф, Табела: 1. Вардар 64 2. Работнички 58 , 3. Шкендија 53 , 4. Ренова 44 (-1), 5. Силекс 34, 6. Металург 33 (-1).

Натпреварите во плејоф и плејаут лигата ќе стартуваат в недела.

Резултати:

Брегалница-Турново 2:1

Тетекс-Пелистер 0:2

Плеј аут, Табела: 7. Брегалница 30, 8. Турново 30, 9. Пелистер 29, 10. Тетекс 11.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП