2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИсинбаева стана капетан во руската армија

Исинбаева стана капетан во руската армија

ATHLETICS-WORLD-2013-POLEVAULT

Светската рекордерка во скок со стап, Елена Исинбаева, стана капетан во руската армија откако потпиша петгодишен договор. Таа ќе биде инструкторка по атлетика во руската армија, пренесе агенцијата ИТАР ТАСС.

„Двократната олимписка шампионка, сопственичка на 28 светски рекорди, заслужна граѓанка на Русија, Елена Исинбаева, реши да биде дел од вооружените сили. Капетан Исинбаева е поставена на должност инструктор по атлетика во Централниот клуб на армијата“, се наведува во соопштението.

Светската рекордерка во скок со стап (5 метри и 6 сантиметри) се нема натпреварувано од 2013-та година кога во Москва го освои светското злато. Исинбаева која во 2014-та година стана мајка, најави дека ќе учествува на ОИ во Рио наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП