18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо и Челзи ја продолжуваат соработката

Мурињо и Челзи ја продолжуваат соработката

Football - Chelsea v Crystal Palace - Barclays Premier League

Тренерот на Челзи, Жозе Мурињо, се согласил да го продолжи актуелниот договор на уште две години, пренесуваат англиските медиуми.

Како што се наведува, Португалецот, со новиот договор кој би имал важност до 2019-та година, би заработувал 200.000 фунти неделно.

Мурињо го одработува својот втор мандат на клупата на „сините“ на која се врати во 2013-та година. Тој со Челзи ја освои шампионската титула за оваа сезона, иако до крајот на првенството останаа уште три кола.

Во првиот мандат (2004-2007), Мурињо со Челзи освои две шампионски титули во Премиер лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП