10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: Данстон најдобар дефанзивец

Евролига: Данстон најдобар дефанзивец

danston

Кошаркарот на Олимпијакос Брајант Данстон е прогласен за најдобар дефанзивец во Евролигата во оваа сезона. Американецот ова признание го понесе и во минатата сезона.

Данстон сезонава беше петти според блокираните шутеви (1,1), втор во категоријата украдени топки (0,8), но признанието го освои поради начинот на кој се спрвавуваше со високите играчи на противничките тимови, иако е висок 203 сантиметри.

Играчот кој може да игра на позициите 4 и 5 наградата ја доби во конкуренција на Немања Бјелица (Фенербахче), Донте Дрејпер (Ефес), Бред Олесон (Барселона) и Руди Фернандез (Реал).

Данстон (28) е вториот кошаркар во евролигашката историја кој наградата за дефанзивец на сезоната ја освоил повеќе пати. Претходно за најдобри дефанзивци биле прогласувани: Димитрис Дијамантидис (2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2011), Стефон Лазме (2013), Виктор Хријапа (2010) и Андреј Кириленко (2012).

Американецот пред Олимпијакос настапувал за Варезе, Хапоел Холон, Бнеи и Улсан (Јужна Кореја).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП